Општина Кисела Вода денеска почна со чистење на дивата депонија во месноста Дупки, во населбата Драчево.

Градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедкно со службите, изјави дека ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии.

Тој најави дека по целосното расчистување на ова место, на површина од околу 4.000 м2, ќе се направи зелен парк кој ќе нуди и многу дополнителни содржини. Како што посочи, ќе се изгради детско игралиште, катче за пензионери, ќе се постават клупи и корпи за отпадоци.

Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во оваа општина. Кисела Вода мора да биде чиста општина, затоа што тоа го ветивме и на тоа се обврзавме, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.