Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претставници од општинската администрација, вечерва изврши увид во градинката „Весели Цветови“, објект „Сончоглед“.

Како што информираат од општината, во оваа градинка, денот го минуваат 230 дечиња, а неодамна, тука се извршила и замена на фасадата со нова, термоенергетска, како и замена на олуците. Дополнуваат дека од обиколката било констатирано дека е потребна замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати, санација на таваните во занималните, како и санација на покривот на овој објект.

Ќе работиме на подобрување на условите не само во „Сончоглед“, туку и во сите градинки низ општина Кисела Вода, а проблемот со преполнетите капацитети ќе се решава со изградба на нови градинки, потенцирал градоначалникот Ѓорѓиевски, пренесуваат од општината.

Објектот „Сончоглед“ е лоциран на улица „Локов“ во населбата Кисела Вода и датира од 1974 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.