Јас не само што се надевам, јас сум убеден во поинаков исход, затоа што во секојдневната комуникација со нашите сограѓани добиваме голема поддршка од нивна страна. Нашите те сограѓани живеат во прилично тешки услови во општина Кисела Вода, тоа беше практично и еден од мотивите кои што мене ме натераа да бидам кандидат за градоначалник, вели Орце Ѓорѓиевски во вечерашното телевизиско соочување на дебата на Македонската телевизија за локалните избори.

Ѓорѓиевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти и нов концепт, како и отворена и транспарентна општина за сите граѓани.

Имено, јас и мојот тим имаме многу проекти и нов концепт кој што го нудиме на нашите сограѓани. Првенствено транспарентна општина и отворена за сите наши сограѓани, општина во која што нема да биде важно на партиската припадност, ниту верската припадност. општина која што ќе биде директно насочена спрема потребите на сите наши сограѓани. Имаме доста проекти кои што ги опфаќаат сите сфери, почнувајќи од спортот, културата, образованието кое што е многу значајно и важно, решавање на инфраструктурните проблеми итн. Што значи дека со темелна анализа изминатиот период јас лично ја знам Кисела Вода како дише, јас го знам секое едно населено место во детали во нашата општина и сум спремен да служам на моите сограѓани се со цел значително да ги подобрам условите за живот, рече тој.

Ѓорѓиевски рече дека прво што ќе направи е кратење на непродуктивните трошоци, образложувајќи дека сегашниот градоначалник годишно трошел и по 500 илјади евра за партиски договори, односно како што рече тој тоа е во превод една нова детска градинка.

Прво кратење на непродуктивните трошоци кои што се во сериозен обем од страна на локалната самоуправа изминатиот период, ќе споменам дека само околу 500 илјади евра на годишно ниво се трошат за договори на дело, односно партиски вработување. Тоа е во превод една нова детска градинка, вели тој.

Ѓорѓиевски истакна дека планира воведување на систем за рамен данок односно намалување на даноците за граѓаните на општина Кисела Вода, изградба на две технолошки развој зони кои ќе значат дополнителни финансии во буџетот на општината, како и искористување на европските фондови.

Понатаму, ние планираме како локална самоуправа да воведеме систем на рамни даноци односно намалување на даноци, при што во тој систем секој ќе плаќа данок. Значи на тој начин ние ќе направиме сите да го плаќаат данокот во Кисела Вода, дополнително ветуваме односно се обврзуваме за година дена да ги завршиме сите предмети на легализација кои што ќе бидат дополнителен приход во нашата општина и низа други активности како двете нови технолошки развојни зони преку кои што ние ќе го обремениме буџетот односно ќе донесеме дополнителни финансии.
Дополнителен момент се фондовите од нашите европски пријатели. Ние имаме за жал години наназад многу мало искористување на тие фондови, ние целата рурална средина можеме да ја развиваме преку тие фондови. Изминатите години нема добра организација, она што ние ќе се фокусираме исто така е реорганизација на општината, поставување на стандардите онака како што треба и развивање и прогрес наредните четири години. дециден е Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски подвлече дека зад него стои тим кој што во следните четири години заедно со него ќе придонесат сериозен прогрес за општина Кисела Вода и нејзините граѓани.

Во функционирањето на една локална самоуправа важно е да се биде добар менаџер, јас не сум сезнајко и не ги разбирам сите. Но имам цврст и квалитетен тим кој што застанува позади мене со кој што ќе придонесеме за четири години сериозен прогрес за нашата општина, потенцираше Ѓорѓиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.