Во однос на економијата и економските зони, мислам дека голем исчекор се направи во Илинден со оглед на нашата местоположба како општина. Минатата Влада со развојот на технолошките индустриски развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“ направи сериозен и крупен исчекор и со тоа во голем дел односно најголем дел се реши и невработеноста – истакна Александар Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Илинден во „Студио 10“ на ТВ 24.

Ѓорѓиевски додаде дека зоните привлекоа и домашни инвестиции, но и меѓународни. Тој додадека дека има и неколку економски зони коишто постојат во Илинден, а кои треба дополнително да се развиваат.

Голем дел од економските зони немаат добра инфраструктура, има доста нерешени прашања, особено гасификацијата која одамна ја исчекуваат. Сметам дека наредниот период ќе се фокусираме на тоа прашање, не ни треба преголема индустриализација т.е. отворање на премногу индустриски зони во Илинден, затоа што сметам дека тоа во тој дел е добро сега засега. Како што реков, можеби некоја индустриска зона на излезите на општината е потребно кај автопатот, каде што нема да биде многу на удар самата инфраструктура во општината. Таму ќе треба да посветиме поголемо влијание. На пример индустриската зона во потегот Марино – Кадино која што со времето се покажа дека не е на соодветно место, со оглед на тоа што имаме ситуација каде што многу тешки товарни возила поминуваат низ населените места и таму имаме проблем со уништување на патната инфраструктура – изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека во неговата програма е предвидена и изградба на клучка кај делот Кадино – Бунарџик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.