Демагогот Темелковски повторно во негов стил, наместо да сработи некој проект од интерес за нашите сограѓани, седи пред компјутер и цитира народни умотворби.
Градоначалниче во заминување, како советничка група на 16.11.2020 побаравме одржување на вонредна седница на која ќе прогласиме мораториум за градба за Црниче и Пржино и целосно запирање и ревидирање на сите отпочнати градби во споменатите населби. Причината поради која до денес ја избегнувате вонредната седница ти е само тебе и на твојот претседател на совет позната, но добро е да ја објасниш и на целата јавност и на сите жители на Кисела Вода.
Доколку дозволевте одржување на вонредна седница ќе имавме можност на истата да ги слушнеме и мислењата на граѓаните од Пржино, бидејќи и тие имаат право да присуствуваат на седници.
Во отсуство на елементарно право , а и ваша храброст за ова да го дискутираме на седница на совет морам вака јавно да ви поставам неколку прашања:
1. Зошто не дозволувате одржување на вонредна седница иако знаете дека тоа е наше право како советничка група загарантирано согласно општинскиот деловник за работа?!
2. Чии бизнис интереси се засегнати на спорната локација за градба во Пржино?!
3. Уште колку маркици за градба имате издадено за Црниче и Пржино изминатиов период?!
И последно, кој е коњот, а кој жабата од вашата цитирана народна умотворба,
бидејќи магарето сите знаеме кој е, напиша на Фејсбук Орце Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.