Градоначланикот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, во друштво на македонските спортски легенди Петар Наумоски и Борко Ристовски, го проследија кошаркарскиот натпревар КК Ангели и КК ТФТ при што разговарале за тоа што тре а да се направи за да се обезбедат подобри услови за иднина и напредок на младите спортски таленти.
Спортски викенд, во друштво на врвни легенди од спортот.
Заедно со великанот во кошарка Пеце Наумоски и врвниот ракометен голман Борко Ристовски го проследивме натпреварот помеѓу КК Ангели и КК ТФТ.
Успеавме да продискутираме за нивото на кое се наоѓа спортот во Македонија, но и за мотивираноста на младите спортски таленти на кои треба да им обезбедиме услови за иднина и напредок.
Се обврзав и ќе го сторам тоа – порача Ѓоргиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.