Во сабота од 12 часот жителите на населбите Ѓорче Петров и Дексион во Општината Ѓорче Петров ќе организираат протест кај крстосницата на улиците „Радушка“ и „Кузман Шапкарев“, кај последната станица на 5-ка.

Причината за организирање на протестот е дивеењето на урбаната мафија која е поддржана од локалната власт. Конкретно станува збор за изградба на објект кој што е до самата пруга без да се почитува законското решение кое пропишува изградба на објект на далечина од 20 метри. Со овој протест ќе побараме општината Ѓорче Петров да почне да работи на терен и да расчисти со урбаниот хаос што се случува во нашата општината, велат ѓорчепетровци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.