Под мотото „Стоп за урбаната мафија’“  и со сирени жители на населбата Дексион во општината Ѓорче Петров денеска го изразуваат својот револт што  општината дозволила изградба на високи згради во месноста Јурија, без да ги консултира.

Тие ја блокираа главната сообраќајница во општината улицата Ѓорче Петров точно напладне со барање  да се ревидира детелниот урбанистички план СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината и габаритот на планираните згради.

Тие, како што рекоа, се незадоволни зашто одговорните во општоината две недели не им одговориле на нивните барања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.