Граѓаните на Ѓорче Петров ги повикуваат сите здруженија, граѓански организации и граѓани да им се приклучат на протестот кој го најавуваат за утре, сабота 7 декември, од 12 часот на влезот на депонијата од страна на Ново Село, ул.„5“, на 100 метри после „Тројка“.
Самиот протест ќе се одржи на влезот на депонијата која е најголем загадувач на Ѓорче Петров!
НЕ СЕ ДИШЕ! Да се расчисти комплетно оваа депонија која е канцер на Ѓорче Петров! Да се забрани пристап до неа и одложување отпад! Да покажеме утре дека не може екологијата и животната средина да се третира како второстепено прашање!
Правила на протестот:
1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.
2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболи
Дојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето!, повикуваат ѓорчепетровци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.