Општина Ѓорче Петров планира значително да ги подобри условите за возење на велосипед на целата територија под ингеренција на локалната власт.

За таа цел, градоначлникот Александар Стојкоски, се сретна со претставници на граѓанското здружение „На Точак“, со кои се консултираше за нивните идеи и предлози како да се олесни движењето на урбаните велосипедисти во општината.

Одлична средба со Дарко и Сандра од иницијативата „НаТочак“.

Разговаравме на повеќе теми за тоа како да го олесниме движењето на урбаните велосипедисти во општината, а добив и супер предлози за понатамошни активности – информира Стојкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.