Каевски ставил 4 милиони во банка во 2021, а станот го купил 2020 година, ги чита ли некој соопштенијата во СДСМ пред да ги објават?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое се брани пратеникот Дарко Каевски, некогашен директор на Агенцијата за млади и спорт

За да им биде полесно ги обележавме со црвена боја датумите кога е заведен имотот на Каевски, тоа се датуми кои сам ги пријавил во ДКСК.

Каевски ставил милиони во банка во 2021 година, а станот го купил во 2020 година, и двете години Каевски е на функција.

Ајде Каевски кажи како ги стекна милионите?

Од која плата успеа да купип стан на твое име, а патем немаш наведено кредит и како успеа да собереш милиони?

Кажи го рецептот на твоите врсници, кои за подобар живот избегаа во странство додека ти извршител на Заевци го ограбуваш народот?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.