Германската фирма „Шолц“ ќе биде концесионер на депонијата „Дрисла“, дознава СДК.мк.

Комисијата формирана од градоначалникот Петре Шилегов деновиве извршила бодување на трите фирми кои на тендерот објавен во 2011 година доставиле понуди и влегле во втората фаза, а тоа се италијанската „ФЦЛ Амбиенте“, германската „Шолц“ и австриската „АСА“. Според бодувањето на Комисијата најдобро рангирана била германската „Шолц“. Во моментов „Дрисла“ е под концесијата на италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“, поради што и германски „Шолц“ со години водеше судски процеси поради нерегуларности во тендерската постапка.

Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов за СДК.мк потврдуваат дека е завршено бодувањето на понудите и дека германски „Шолц“ е прворангиран.


Целиот текст ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.