Целосно ќе се определиме за хумани организации. Во делот на Холидеј Ин, целосно ќе се залагаме за зелен појас, вели кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски.
Во однос на спорниот простор спроти хотелот, Герасимовски смета дека граѓаните од Ново Маало живеат во друг век и дека просторот не може да остане така.
-Инвеститорите имаат платено комуналии за една зграда, а за останатите ќе видиме. Внатре треба да има градинка, училиште. Сепак, дозволата за градба е дадена по завршување на мораториум, затоа беа врзани рацете на општината досега, додава Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.