Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата вечерва одржа маалска, средба со граѓаните од зградите близу кејот на Вардар кај Влада. Оттаму ги запозна станарите со решението за проблемот со паркирањето.

Од оваа страна на кејот е одлично, пријатно и зелено но од другата има сообраќаен метеж и блокирани тротоари. Овде знам дека сериозен проблем имаат резидентните станари со местата за паркирање. Затоа во тек е процедура преку која се планира четирите згради да добијат спрат и поткровје со подземни паркинзи во постоечките згради. Така навистина би се намалил сообраќајниот метеж и би се решил проблемот на граѓаните, изјави Герасимовски.

Исто така на овој реон најави Герасимовски ќе се реконструираат ул. Ј.Х.Џинот и ул. Ристо Шипков. Тука ќе бидат поставени и подземни контејнери за селективен отпад и ќе се организираат акции за возење велосипеди низ Општината за да се поттикнат граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство. На овој потег претходно се работеше рече Герасимовски на патеката до град Скопје, се постави урбана опрема и се поправи системот за полевање пред зградите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.