Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски за „Вечер Прес“ изјави дека не издал дозвола за изградба на петкатница кај хотел „Јадран“ на местото на последната зелена површина за станарите кај улиците „Орце Николов“ број 20, „Скопска“, број 15 и „Никола Кљусев“ број 10 на само неколу метри до Плоштад Македонија.

Станува збор за зелено паркче со димензии 30 х 35 метри аље 89896+2.М на кое фирмата „Сколимекс“ добила дозвола за градба.

– Одобрението за градба е издадено само на два дена пред примопредавањето на градоначалничката функција. Јас официјално, функцијата од мојот претходник, Саша Богдановиќ ја презедов на 04.11.2021 година, а дозволата за градење е издадена на 02.11.2021 година. Јас дури и се вчудовидов кога ја видов. Граѓаните прашањето треба да го постават на друга адреса, односно објаснување треба да побараат од претходниот градоначалник – изјавил Герасимовски за „Вечер Прес“.

Герасимовски додава дека побарал од Секторот за урбанизам при Општината да се види како и зошто се издавани дозволите за градба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.