Оставката на премиерот Зоран Заев предизвика шок кај сите нас. Тоа е негова лична одлука иако голем дел од нас не се согласуваат со неа. Во партијата нѐ очекуваат внатрепартиски избори, но не треба да се брза за да не настанат грешки во носењето одлуки, вели за Утрински брифинг градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Потребно е време да се смират страстите. Сега е сменет статутот и претседателот се бира со гласање и затоа треба добро да се организира овој процес, вели Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.