Кандидатот за градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски заедно со градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов вчера пред граѓаните на Капиштец и Буњаковец ги претстави проектите кои го регулираат сообраќајниот метеж, проблемот со паркинг местата, зелените проекти и енергетско ефикасните решенија.
Изградба на подземни гаражи за трајно решавање на проблемот со недостаток на паркинг места во Центар, подобрување на велосипедската инфраструктура, нови сообраќајни решенија преку изведба на кружен ток кај црквата Св. Јован и на пресекот меѓу Васил Ѓорѓов и Рузвелтова, регулирање на безбедноста на пешаците на раскрсница кај кафе Белиер зад Универзална сала, реконструкција на сите дотраeни тротоари во општината како и хортикултурно уредување, поставување урбана опрема, изградба на детски и спортски игралишта на просторите над гаражите, посочи Герасимовски.
Герасимовски пред граѓаните наброја само дел од проектите кои се планирани во ова општинско подрачје. Тој потенцираше дека планирани се и зелени проекти, енергетски ефикасни решенија како и поттикнување на претпримеништво, со посебен фокус на младата популација.
СДСМ на овие локални избори оди со проекти креирани заедно со граѓаните. Проекти кои ќе ги решат нивните проблеми и ќе го олеснат живеењето во најурбаната општина во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.