Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја.

Пресреќен сум што од денес зад нашиот најтрофеен кошаркарски клуб застанува телекомуникацискиот гигант МТЕЛ.

Моја заложба како градоначалник, но и како центарец, е повторно да го вратиме клубот на старите победнички патеки. Со обезбедувањето на ова четиригодишно спонзорство од МТЕЛ, убеден сум дека започнува нова ера на нови победи и радости за сите ние кои го носиме клубот во срцето. ✊

🤝Сакам да изразам голема благодарност до премиерот Ковачевски кој се заложи лично за оваа поддршка да стане реалност. Му се заблагодарувам на менаџментот на компанијата, Марко Лопичиќ, генерален директор на МТЕЛ и Владимир Лучиќ, генерален директор на Телеком Србија. Тие кои го вреднуваат македонскиот спорт, но и го препознаа нашиот клуб како партнер. За крај, секако голема благодарност и до новото раководство на Работнички под водство на Горан Веселиновски кое неуморно работи за унапредување на состојбите во клубот.

🏆КК Работнички повторно ќе биде шампион!, напиша Герасимовски на Фејсбук по свеченоста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.