Eеее, јас ова го верглав цела една година, но сепак, браво за објавеното. Ако го додадете Винтерленд и осветлувањето на Скопје за таа нова 2020, сумата ближи скоро 1.000.000 евра, кои Шилегов ги потроши ко да се негови, а не пари на граѓаните.

Меѓу главните е Здравко Кочишки од „Dvd pet“ кој ги има добиено сите 41 тендер во вредност од преку 1.500.000 евра, а сите други фирми: (O).

По објавеното, истиот ја растура фирмата на две нови, „Двд Плус„ и „Двд рентал“, за да ја затшка целата работа, па со нив во време на Ковид, кога пола од компаниите од нашата дејност се затворија ,овие две добија нови милионски суми и се разбира повторно сите тендери со:

МКЦ, УНИВЕРЗАЛНА САЛА, МОБ, ФИЛХАРМОНИЈА, СКОПСКО ЛЕТО, ОХРИДСКО ЛЕТО, МАК ФЕСТ, ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, како и многу други поситни тендерчиња.

Значи, едноставно, овие две се, а сите други О !!!

По овие локални избори многу работи ќе станат појасни!!!!!

Македонија вечна!, пишува на Фејсбук, Петар Георгиевски – Камиказа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.