Кандидатот за градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски, најавува дека развојот на спортот во Општина Илинден ќе биде врвен приоритет во наредните четири години.
Затоа, спортот е застапен во изборната програма на Георгиевски со голем број на проекти.
Општина Илинден треба да го прати чекорот со светските трендови на здрав живот, каде граѓаните се почесто се одлучуваат наместо со своите автомобили, да се движат со велосипед. Ова превозно средство придонесува за подобро здравје, неколкукратно е поевтино отколку возењето на автомобил, а истото придонесува за зачувување на животната средина бидејќи не загадува.
Поддршката на овие трендови ќе ги реализираме преку голем број на проект, од кои најважни се:
– Субвенции за граѓаните за купување на нови велосипеди, каде во наредните 4 години ќе бидат доделени 1000 субвенции
– Инвестирање во нова велосипедска инфраструктура преку изградба на нови велосипедски патеки
– Изградба на велосипедски патеки за планински велосипедизам во планираниот рекреативен центар „Ајватовски рид“ – најавува Георгиевски.
Тој додава дека во изборната програма за наредните четири години предвидена е и изградба на стадион со трибини во Илинден. Покрај трибините, предвидено е и изградба на модерни соблекувални, помошни простории, а ќе се изврши и комплетна реконструкција на фудбалскиот терен.
Развојот на спортот не зависи само од достапната инфраструктура, туку и од конкретна соработка со лицата кои се бават со спортот. Затоа, во програмата е предвидено и воведување на системска поддршка на Општина Илинден за спортистите, спортските клубови и здруженија, како и организирање на голем број на нови спортски манифестации – вели Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.