Една од поважните потреби на Општина Илинден е изградба на едно централно, урбано собиралиште за граѓаните, кое покрај секојдневно поминување на време и користење на луѓето, воедно би можело да се користи и за организација на бројни културни и друг вид на манифестации на отворен простор. Во таа насока, во изборната програма на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ за Општина Илинден, Александар Георгиевски, предвидена е изградба на нов, модерен плоштад во централниот дел на општината.
Плоштадот, како што појасни Георгиевски, е проектиран како плато, кој ќе биде поплочен со гранитни плочки, со пристапни патеки, цветни алеи со високо и ниско зеленило. На самиот плоштад се предвидени многу содржини, како и повеќе забавни и детски катчиња. Ќе биде поставена и соодветна урбана опрема, во вид на клупи за седење и корпи за отпадоци.
Плоштадот, изјави Георгиевски, ќе има мини бина која ќе се користи за културни и други манифестации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.