СДСМ одржа граѓанска трибина пред жителите на населеното место Стајковци, на која се обратија Борис Георгиевски, кандидатот и актуелен градоначалник на Гази Баба, Александар Саша Димитријевиќ, носител на советничката листа за Гази Баба, Петре Шилегов, кандидат и актуелен градоначалник на градот Скопје и Оливер Спасовски потпретседател на СДСМ и министер за внатрешни работи.
Ја менуваме Гази Баба, таа не е само наша, туку станува гордост на цело Скопје и Македонија! Резултатите постигнати во овие четири годни се мојата гаранција пред вас, дека сите проекти кои ги нудиме сега нема да останат само ветување.
Ја гледам новата градинка „Пеперутка“ и срцето ми игра. Детскиот жагор ни ја врати радоста. Среќен сум бидејќи знам дека успеавме да решиме децениски проблем кој ги мачеше жителите од Стајковци до Раштак. Еве ја пред нас и новата спортска сала за училиштето Кирил и Методиј. Ја градиме со средства на општината, за учениците конечно да имаат нормални услови за спортување.
Со градоначалникот на Скопје, мојот другар Петре Шилегов докажавме дека Гази Баба е во приоритетите на градот. Ја завршивме реконструкцијата на булеварот Александар Македонски и улицата Благоја Стефковски. Се работи на реконструкција на булеварот Киро Глигоров, се гради новиот булевар АСНОМ. Успеавме конечно Хиподром, Ченто и Автокоманда да ги поврземе со велосипедска патека од двете страни. Ние градиме водоводи, а не водоскоци. Градиме канализации, а не споменици. Ги решаваме децениските проблеми – изјави кандидатот на СДСМ и коалицијата Најдоброто за Гази Баба, Борис Георгиевски пред жителите на Стајковци.
Носителот на советничката листа за Гази Баба, Александар Саша Димитријевиќ, порача дека Стајковци прави разлика помеѓу оние кои само ветуваат и оние кои ветувањата ги реализираат.
Изминативе четири години и градоначалникот и претседателот на Советот беа токму од тука, од Стајковци. Еве ја разликата, драги пријатели. Додека градоначалникот се бори и обезбедува пари за изградба на нова градинка во Стајковци, претседателот на Советот кочи и го блокира донесувањето на буџетот. Додека градоначалникот обезбедува нови приходи во буџетот, за изградба на салата во училиштето Кирил и Методиј, претседателот на Советот повторно блокира. Затоа после 17 октомври, Борис Георгиевски ќе биде повторно градоначалник на Гази Баба, ама со големо мнозинство во Советот предводено од СДСМ и коалицијата – истакна носителот на советничката листа за Гази Баба, Александар Саша Димитријевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.