Градоначалникот на Oпштина Илинден Александар Георгиевски денеска изврши увид во изградбата на новото основно училиште во населба Илинден. Изградбата на училишната зграда треба да биде завршена до крајот на годината, а првите ученици да ги прими на почетокот од второто полугодие од тековната учебна година.
Како што соопшти Општина Илинден, новото основно училиште ќе биде со површина од 2.400 метри квадратни, со капацитет од 450 ученици во една смена. Ќе располага со 15 училници, 8 кабинети за наставници и сала за состаноци, опремени со ИТ технологијата и дидактички материјали што ќе придонесат за имплементирање на модерен образовен систем на учење и нов квалитет на основното образование. Со изградба на училиштето ќе се овозможи и воведување на целодневна настава за учениците.
Училиштето ќе биде високо енергетско-ефикасен објект, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, со греење и ладење со алтернативни извори на енергија. Изградбата на новото основно училиште ќе чини 1,5 милиони евра.
-Реализацијата на овој проект има за цел подобрување на условите во образовнието и обезбедување на квалитетна образовна инфраструктура со просторни услови за одвивање на современа наставна програма, информира Општина Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.