Четврток останува приемен ден за граѓаните. Одиме чекор понатаму, покрај во општината, граѓаните барањата и предлозите ќе можат да ги достават во месните заедници и преку електронски пат, вели кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски.
Двонасочната комуникација со вас граѓаните ни е посебно важна. Затоа ја стартуваме и апликацијата М-заедница. Апликација на која ќе можете да пријавите проблем или да дадете ваш предлог. Го продолжуваме и проектот Буџет за сите. Вие граѓаните и во следните четири години ќе одлучувате како и за што ќе се трошат парите во буџетот на општината.
Докажав дека сум градоначалник еднаков за сите. За мене секој е важен.
Така продолжувам и во наредните четири години, вели Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.