Новиот градоначалник на општина Илинден Александар Георгиевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршија увид во изградбата на новото училиште тука во Илинден во склоп на училиште „Гоце Делчев”.
Училиште во кое што ќе направиме напори во наредната учебна година да воведеме целодневна настава и целодневен престој на нашите најмали дечиња, затоа што тоа е едно најглавните приоритети на нашето население, нашите сограѓани, кое што ги ветивме во изборната кампања. И сега од наредната учебна година ќе можеме и да го овозможиме истото, рече Георгиевски пред новинарите по обиколката.
Тој најави дека од наредната учебна година во ова основно училиште ќе биде обезбедена сензорна соба за дечињата со попреченост.
Се надеваме дека на тој начин и за најмладите ќе им искочиме во пресрет особено родителите кои што ете исто така се ставени во една одредена позиција во нашата општина. Сега ќе имаат можност и тие дечиња за еден правилен развој и нивно интегрирање во заедницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.