Денеска ми беше особена чест како кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, да бидам домаќин на претставници од Комисијата за спорт од ВМРО-ДПМНЕ, предводена од ракометната легенда Борко Ристовски заедно со мојот брат Гоце Георгиевски, каде што имавме прилика да поразговараме за нашиот потенцијал како општина во однос на спортот,вели Александар Георгиевски, кандидат за градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, во однос на идните планови во делот на спортот што ги имаме предвидено во нашата програма, како и за целиот потенцијал на ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни програми, како на локално, така и на национално ниво.Спортот и младите ќе бидат во фокусот во следниот четири годишен период и на нашата партија, но и на нашата општина затоа што сметам дека младите генерации во општина Илинден заслужуваат подобри услови и поквалитетен спорт во иднина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.