Генијалецон што седи покрај градоначалникот на градов, треба прво да види што со отстранувањето на платформите на Матка, па да ги отстрани дивите споменици на УЧК низ Скопје, па да го отстрани чудоно кај Мавровка…Е после нека раскажува за дислокација на Универзална и за Скопје 2014, реагира актерот Сашо Тасевски на пишувањата на шефот на кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов, Никола Наумовски, кој го релативизира рушењето на Универзална сала.
Немало место кај Универзална за паркинг па морало да се гради подалеку??? Па архитектите рехле ова, рекле она…
А бе генијалче лигаво, сакаш да ти викнам петорица Кинези архитекти, да видиш колкав паркинг ќе ти напраат под земја, а Универзална можат да ја направат и да лебди у воздух, па со летеќи тротинети да влегуваме во неа.
Што да кажат оние во Хонг Конг. Знаете какви сали има таму во гс место?
Затоа, не се правете паметни, кога лажете. Има таму простор и за поголема сала од сегашната, па и Детски театар да биде дел од неа. Само треба некој да сака таква да ја направи и на истото место. Се друго ви се изговори, зашто имате намирисано друг интерес. Не е до тесниот простор и пренаселеноста на маалото.
И дај вие новинари, другпат ко го прашувате нешто генијалецов, ако не се нарачани прашањата од него, пошто таков си е, мали Грујо ама социјалдемократ, спомнете му ги дивите споменици и дивоградбите на господарската раса во Северната Му Држава и прашајте го кога ќе ги руша, пишува Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.