Во Скопје во моментов има 1.892 активни случаи, што е речисти половина од вкупниот број заразени (4.040) со ковид-19 во Македонија.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 285
• Аеродром – 193
• Бутел – 136
• Гази Баба – 208
• Центар – 162
• Карпош – 176
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 150
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 105
• Арачиново – 34
• Илинден – 24
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 20
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 2

Нема починати пациенти од компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие соопштија од Министерството за здравство кое информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.