Запоставениот градски парк и неспособноста за обезбедување на повеќе зелени места во градот е еден од проблемите на скопјани.
Данела Арсовска во нејзината програма предвидува изградба на пет нови мега паркови во Гази Баба, Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров по примерот на градскиот парк.
„Последниве години сме сведоци дека останавме без дрвја за сметка на бетонизацијата. Oвие неколку години Скопје доживеа урбан хаос, се градеше на места без долгорочен план и стратегија за иднината. Зеленилото е потреба на секој модерен град, а ние во континуитет го губиме. Нема компромиси кога станува збор за здравјето на граѓаните, нема компромиси наместо зеленило да се градат згради кога Скопје е еден од најзагадените градови. Скопјани имаат само еден парк и тој не е среден како што треба“ – изјави Арсовска.
Новите паркови ќе бидат изградени со урбана опрема, спортски зони и пешачки патеки.
„Во рамки на програмата и релизацијата на овој проект за изградба на нови 5 мега паркови секоја година се обврзувам дека градот ќе засадува 100.000 нови садници. Немаме друга опција освен Скопје да стане вистински еколошки и одржлив град. Ако сакаме чист воздух, убава средина за живот и места за рекреација мора да вложиме во нив. Нема повеќе оправдувања и одложувања. Скопје мора да има брзи и сигурни решенија.“ – додаде Арсовска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.