Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, најави дека повторно ќе се кандидира за функцијата.

Атакувам на вториот мандат, но треба до крај да ги почитуваме одлуките на партијата – изјави Ганиу во „Утрински брифинг“.

Ганиу вели дека во доегашниот негов мандат е инвестирано многу на подводната инфраструктура која во некои делови од Чаир е направена уште пред 40 години.

Многу е инвестирано и во зеленило и во тој поглед може да се пофалиме. Од 10 општини трети сме по рангирање во однос на зеленилото. Овие инвестиции се препознаени од нашшите сограѓани. Инвестирано е и во спортската инфраструктура. Изградени е нова трибина на стадионот во Чаир. Реконструаирана е и тревната површина на стадионот со најновите механизми за одвод и наводнување на стадионот – вели Ганиу.

Тој вели дека во завршна постапка е и административната зграда.

Неопходна беше и градинка која треба да собере над 300 деца, најголема во Македонија. Во делот на образованието шест училишта се реконструирани. Од средствата на ТАВ успеавме преку владата да одвоиме милион евра за населбата Серава, во делот на подземната инфраструктура – вели Ганиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.