Фондацијата Отворено општество – Македонија ги демантира денешните написи кои се појавија во Курир, Република, Нетпрес, Лидер и Плус Инфо, а кои имплицираат дека ФООМ го финансирал извидничкиот настан Sex Scouts and Rock n Roll. Изнесените информации се комплетна невистина и претставуваат дезинформирање на јавноста.

Би сакале да ја информираме јавноста дека Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество- Македонија во рамките на концептот Зелен скок-партнерства за климатска акција, на јавен повик за поддршка на активности на граѓански организации и неформални групи, меѓу другите, донесе одлука и за поддршка на  проектот Петтиот елемент поднесен од Прв скопски извиднички одред (ПСИО) со грант бр. 10664 во денарска противвредност на 12.229 долари.
Согласно проектната документација, главната цел на проектот „Петтиот елемент“ е создавање на позитивна средина за учење и заштита на животната средина преку неформална едукација за деца и млади во природа. Посебните цели на проектот вклучуваат создавање позитивна средина за учење и заштита на животната средина преку неформална едукација за деца и млади во природа и подигнување на јавната свест  за заштитата на животната средина, како и креирање одржливи програми преку врсничка едукација.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.