Во програмата на кандидатката за градоначалничка на Центар Наташа Котлар предвиден е фонд за родители.
Младите двојки кои имаат искористено три инвитро оплодувања преку ФЗОМ да имаат можност општината да финансира до првото живо родено дете. Воедно, фонд за сурогат мајки кои ќе добиваат финансиски надомест (за време на бременоста месечно да добиваат надомест во висина на минимална плата) за нивната заложба да им помогнат на оние двојки кои не можат да имаат деца.
Ќе направиме мапирање на самохраните родители и семејства со еден родител на територијата од Општина Центар. Со тоа ќе се овозможи пристап до информации, давање помош при обезбедување на правата на самохраните родители и семејствата со еден родител во сите сегменти на животот, нивна инклузија, како и подигнување на јавната свест и одговорност за оваа категорија граѓани.
Во програмата на Котлар, меѓу другото, има предвидено 20 стпендии за најдобрите студенти од општина Центар.
Со овој проект сакаме да го поттикнеме засилувањето на свеста на граѓаните на локално ниво за значењето на образованието. Сметаме дека на овој начин дополнително ќе ги стимулираме младите луѓе да се вклучат во пазарот на трудот, како и да бидат професионалци во нивната работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.