На четврти март Град Скопје и фирмата Флај кем од Скопје склучиле договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Сопственик и управител на оваа фирма е партнерот, невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска. Вредноста на договорот за една година е еден милион денари или 16.250 евра, објави „МКД.мк“

Во овој договор е утврдена поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар (82.600 денари), но никаде во договорот го нема податокот за вкупните шумски површини на Водно, Матка, Гази Баба…

Ова не е првпатФлај кем снимала за потребите на државни институции. Во април 2018 година оваа фирма имала договор со АД МЕПСО за обезбедување на „специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“ во вредност од 779.980 денари.

Флај кем изминатите години работела и за Општина Куманово и имала уште еден договор за Град Скопје. Во март 2018 година Флај кем продал дрон за 129.800 денари на општина Куманово. Интересен е и договорт на Флеј кем во 2019 година за снимање со дрон за потребите на кумановската градинка „Ангел Шајче“  (2х35.000 денари).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.