Усјанскиот канал, кој претставува повеќедецениски проблем на граѓаните од Лисиче конечно ќе биде затворен. Овој потег претставува место и за несовесно одложување на отпад, за ширење на непријатни миризби, но оваа слика станува минато. Ова денеска го изјави Александар Филиповски, кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром.
-Во соработка со градот Скопје ветуваме затворање, но и целосно уредување на потегот кај Усјанскиот канал. Овој дел ќе прерасне во зелена, рекреативна зона, која ќе можат да ја користат околните жители, посочи Филиповски.
При денешната изјава за медиуми, Александар Филиповски посочи дека покрај унапредувањето на животната средина, како градоначалник на Аеродром сериозно ќе се посвети и на двонасочната комуникација со граѓаните.
-За таа цел, ќе креираме и мобилна апликација преку која аеродромци по дигитален пат ќе контактираат со секторите при локалната самоуправа. Но, исто така ќе имаат можност да го следат и статусот на предметите, барањата во општината. Ова е начинот за да имаме проактивна комуникација, реализација на проектите и задоволни граѓани. Концептот „Најдоброто за Аеродром“ е концепт за отворена и проактивна општина, заврши кандидатот за градоначалник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.