Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Александар Филиповски, изјави дека сликата на повторно миење на улиците со цистерни станува реалност во Аеродром.
Значително ќе ја подигнеме јавната хигиена. Предвидуваме набавка на нова механизација за миење на платоата, плоштадите, плочниците меѓу зградите и другите јавни површини – истакна Филиповски.
Филиповски истакна дека СДСМ во изминатите четири години во Аеродром направил шест нови паркови.
Исто така, во новиот мандат ќе се направи нов парк на површина од 5.000 м2, на потегот од популарното „авионче“ до автобуската постојка на последна „5-ка“ – изјави Филиповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.