Кандидат за градоначалник за Аеродром од СДСМ, Александар Филиповски, во емисијата „Само Вистина“ изјави дека зголемениот сообраќај може да се реши со различни излези и влезови во самата општина, нешто за што веќе имале решение, а како едно од решенијата за намалување на загаденоста го спомена мостот АСНОМ..

Филиповски додаде дека може да вети дека посебен акцент ќе стави на чистотата и хигената.

Мора да се вратиме на стариот начин на чистење на општината, ќе купиме нови машини за чистење не само на улиците туку и плочниците. Мора де бидеме реални дека Аеродорм изобилува со зеленило кое мора да се обновува. Огромен проблем се куќите од Горно и Долно Лисиче кои мора да направат енергетски фасади и да го сменат начинот на греење – кажа Филиповски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.