Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Аеродром Александар Филиповски денеска пред своите сограѓани ја претстави својата програма за, како што рече, најубавата општина во Скопје и во целата држава.
Уште од првиот ден сме мобилизирани, сплотени и единствени, околу изградба на две нови градинки во Аеродром, една во Мичурин и една во Ново Лисиче, ќе изградиме нов младински центар, два затвроени базени, а конечно ќе пристапиме и кон намалување на проблемот со паркирање, со изградба на три монтажни гаражи, наведе Филиповски.
Тој најави и целосна реорганизација на комуналните служби и набавка на цистерни за миење на улиците, нов парк на површина од 5.000 м2, на потегот од „авиончето“ до последна „5-ка“, Секоја населба ќе добие свое детско или спортско игралиште, 20 километри нови вело – патеки и трим – патеки за трчање, грижа за децата со посебни потреби и повозрасните граѓани.
Нашата гордост МЗТ – СКОПЈЕ повторно ќе ја добие заслужената поддршка и ќе направиме напор да влезе во „АБА 1“ лигата, истакна Филиповски.
Тој нагласи дена на Аеродром му требаат искрени луѓе кои ги познаваат проблемите во општината, а не калкулатни, како неговиот противкандидат.
Ве повикувам на целосна мобилизација! Гласајте за бројот 12 и НАЈДОБРОТО ВО АЕРОДРОМ, но и за советничката листа на СДСМ предводена од др. Александар Трајановски – Коска. Гласајте за број 12 и за Петре Шилегов и носителката на градската листа Софија Пејкова. Сега не е време за експерименти. Скопје мора да ја продолжи успешната приказна, на 17 – ти октомври заедно ќе отидеме во голема победа, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Аеродром Александар Филиповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.