Осум медицински лица вработени во Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Козле се заболени од коронавирус, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Ковид-19 е дијагностициран и кај двајца пациенти. Додаде дека Заводот се затвора, а лицата кои имаат потреба од таков вид медицинска услуга ќе може да ја добијат во Болницата „8 Септември“.
Тестирани се 46 вработени и 6 пациенти. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Денеска се тестирани уште 16 пациенти, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.