Една минута по полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе во 2019 година. Утринава Венко Филипче, министерот за здравство, во друштво на градоначалникот Петре Шилегов и Мила Царовска, министерката за труд и социјала ги посетија мајката и бебето.

Ведран е првото бебе што се роди во новата 2019 година, и тоа само една минута по полноќ. Се надевам дека неговото име ќе ја симболизира 2019 година. Му посакувам да биде ведар, здрав и долговечен, да си ги радува родителите, му посака министерот Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.