Патритизам е кога нема лекови на квота само први до петти туку секој ден во месецот, истакна попретседателот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина во Општина Ѓорче Петров. Тој кажа дека токму кандидатот Александар Наумовски е најдобриот меѓу најдобрите, затоа што е чесен, одговорен, скромен, работлив, трпелив и секогаш отворен за граѓаните.

Нема предизвик со кој не можно да се соочи, тоа значи дека е вистински претставник на граѓаните и нивните интереси. Тој почна да решава прастари проблеми во општината и не наметнувал решенија, ги слушал граѓаните и од нив учел како да се решат проблемите. Тој реконструираше улици, градеше градинки и училишта. Конечно ќе има нова амбуланта, змии влегуваа во амбулантата, кажа Филипче.

Потпретседателот на партијата потсети дека Владата предводена од СДСМ ја интегрираше земјата во НАТО, ги зголеми платите и пензиите и гради нови мабуланти и медицински одделенија.

Конечно имаме лекови и терапии, кои не се шверцуввани од Турција. Специјалистите имаат повисоки плати и младите специјализанти не ја бараат идинината во западноевропските земји. Тоа е патритизам, а не чукањето во гради, заклучи Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.