Јас во недела ќе гласам за Петре Шилегов, објави министерот за здравство Венко Филипче на неговата официјална фејсбук-страница.
Петре е човек кој знае да препознае каде и кога треба да помогне, вели Филипче.
Пред да започне изборниот молк сакам да Ви кажам зошто верувам дека Петре Шилегов мора да продолжи да го води Скопје. Резултатите за работењето на Петре се неспорни. Тие се видливи при секое движење низ градот. Нови булевари, многу велосипедски патеки и конечно, слободни тротоари, вели во својата видеопорака Филипче.
Петре е човек кој вистински се грижи за граѓаните, вели Филипче, додавајќи дека Шилегов е човек којзнае да препознае каде и кога треба да помогне.
Во екот на пандемијата минатата година, Петре беше меѓу првите кој ни даде силна поддршка на нас, здравствените работници. Тој препозна колку е важно да ги насочи ресурсите на градот за да помогне во битката со пандемијата. Благодарение на Град Скопје и нашата заедничка работа, успеавме за експресно време да го средиме паркирањето во Клинички центар и да го олесниме целото движење на возила во комплексот, додава тој.
Според Филипче, со ова се обезбедила побрза здравствена услуга на граѓаните, но и поефикасна работа на службите за итна медицинска помош.
Шилегов знае кои се приоритетите на граѓаните и не отстапува од нив. Градот целосно се промени за 4 години и тргна во правилна насока. Така мора и да продолжи. Јас во недела ќе гласам за Петре Шилегов, гласајте и Вие, повикува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.