Kандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најавува промени во работењето на општинската администрација по неговото доаѓањер на власт

Сега ако поднесете било какво барање во општината ви треба ви требаат од шест месеци до една година за најобично барање.Тука вината не е кај вработените, таму има прекрасни професионалци.Проблемот е во лошата организација и неспособноста на актуелниот градоначалник.Имаме сектори кои се пренатрупани во вработени а од друга страна имаме а од друга страна имаме сектори, како секторот легализација каде има илјадници предмети нерешени.Во општината фали целосна реорганизација.Планирам да воведам начин со рокови за исполнување на обврските.Кога граѓаните ќе поднесат било какво барање службите ќе имаат одреден рок до кога службите да се произнесат и да одговорат.Планираме да воведеме служба со која ќе го олесниме и начинот граѓанинот да не доаѓа по вторпат во општината туку човек од општината да ви го достави решението или документот на рака-вели Ѓеорѓиевски во интервју за „Република“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.