Раководителот на Секторот за економски прашања, зајакнување на институциите и прекугранична соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, Фрек Јанмат, ја посети Општина Аеродром.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и Јанмат разговарале за досегашните и идни проекти, како и за еден од најновите проекти за издавање бесплатни велосипеди за жителите на Општина Аеродром.
Како што соопштија од Општина Аеродром, Јанмат оцени дека станува збор за одличен проект, со оглед на тоа што доаѓа од Холандија, каде што велосипедите се култура на живеење.
Општина Аеродром се залага и работи на проекти за зачувување на животната средина и го промовира здравиот начин на живеење, како и активниот велосипедизам – изјави градоначалникот Марин.
Неодамна Општината објави јавен повик за субвенционирање со што финансиски им се помага на жителите при набавка на нови велосипеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.