За најдобар пожарникар во Скопје за 2018 година е прогласен пожарникарот Елвис Далипи.
Јас и мојот тим годинава имавме голем број интервенции, повеќе од 50. Гасневме пожари на отворен простор, во куќи и станови, а имавме и голем број технички интервенции. Мојот татко беше пожарникар и јас уште како дете доаѓав да ја посетам противпожарната станица. Ги гледав луѓето со колкава амбиција тргнуваат во акција кога имаше потреба од интервенции. Тоа ме привлече и јас да станам пожарникар и да ја продолжам традицијата во моето семејство. Работам од 2009 година, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.