Седум денa по заминувањето од градоначалничката функција во општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на општинска сметка се гоштевал во кафеана, пишува „А1он“. Порталот дојде до сметката, на која пишува дека е направена на 3 ноември, односно седум денa откако тој ја напушти функцијата и беше верифициран мандатот на новиот градоначалник. И фактурата е издадена истиот ден.

Се мезело таратур, тиквички со павлака, биено сирење на скара, македонска салата, апетисани. Се јадело прасечко, димен лут колбас, плескавици, пилешко, пица, сирење. На општинска сметка по истекот на мандатот се пиело по неколку жолти ракии, мастики, уза, вина, пива и еден сок од портокал, пишува „А1он“.

Во делот на „примил“ е потпишан самиот Наумоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.