Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 2.750.000 денари.
Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош од денеска до 15.9.2020 година.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Во прилог на барањето е потребно да се достават на увид следниве документи, во оригинал, а не копија:
– Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;
– Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид;
– Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид;
– Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.
Барањата можат да се поднесат до 15 септември во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.