И вака секое утро, со години… Едно време едни „загрижени аеродромци” мереа време и броеја коли, денес седнати во кожните фотелји, заборавија како е, реагира Дејан Митески, поранешен советник во општинскиот совет на општина Аеродром и актуелен Претседател на партискиот огранок на ВМРО ДПМНЕ, споделувајќи фотографија од сообраќајниот хаос во Аеродром.
Петре Шилегов додека става фасада, некој заспан не знае да ги подреди семафорите. Приоритети во животот, на градоначалникот фасадата, на одговорниот спиењето.
Сообраќајната инфраструктура не функционира, тоа ни е повеќе од јасно.
Да бидеме искрени, преку ноќ никој нема да направи нови булевари и мостови, ама овие за 4 години не направија апсолутно ништо.
Постојат стручни лица, експерти во областа на сообраќајот, кои имаат решенија како да ја подобрат состојбата со метежот.
Низа мерки кои ќе стимулираат користење на алтернатива на автомобил, непопуларно ограничувања, контрола на возилата и синхронизирани семафори можат да овозможат полесен проток на возила и побрзо и побезбедно пристигнување до планираната дестинација.
Водењето на еден град или општина сака работа, ред и дисциплина, креативност и посветеност.
Граѓаните на Скопје и Аеродром во моментов не го гледаат тоа кај првите луѓе.
Затоа ќе се случат промени, порача Митески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.