Едно лице е повредено во синоќешното невреме кое го зафати Скопје. Ова денеска на прес конференција го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Лицето е повредено во Карпош, каде што има и голем број штети.

– Најмногу штета со паднати кровови имаше во Карпош на потегот од мостот Обединети Нации до Скопје Сити Мол, но и тоа беше расчистено до 3.00 ласот изутрина. Колку што знам до сега е евидентирано само едно повредено лице, рече Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.