Победникот на овогодинешниот Скопски маратон, Дарио Ивановски, кој е актуелен македонски рекордер во девет атлетски дисциплини, имаше прием во општина Илинден.

На средбата со градоначалникот Александар Георгиевски, Ивановски разговарал за проектите што би можеле да ги подобрат условите за спортување во општината.

Остварив средба со еден од најдобрите спортисти од Илинден, атлетичарот Дарио Ивановски. Дарио е еден од најдобрите македонски атлетичари, тој е актуелен рекордер на Македонија во 9 атлетски дисциплини, а е и единствениот победник од Македонија на Скопскиот маратон.

 

На средбата зборувавме за значењето и влијанието на спортот и физичката култура кај младите, како и за проектите кои ќе се реализираат во оваа област во насока на подобрување на условите за спортување во Илинден – истакна градоначалникот Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.