Еден 10-минутен дожд направи целосен хаос во Скопје и излезе на површина неработата на градоначалникот Петре Шилегов, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Поплавени улици, прекин на електричната енергија и телекомуникациските мрежи од само еден краткотраен дожд, само заради неспособноста на Шилегов. Дожд од 10 минути целосно го парализираше Скопје, случај што не може да се сретне никаде во светот. Излезе на површина и шминката на Шилегов за новиот булевар од Бутел до Шуто Оризари, а за неговата неспособност и мрзеливост сведочат и снимките на кои се гледа како граѓани со чамци излегуваат по улиците, стои во реакцијата на опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.